Vrabotuvanje.com - Три „лоши“ навики се показатели за висока интелигенција
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Три „лоши“ навики се показатели за висока интелигенција

Иако често се сметаат за негативни навики и особини, тие всушност откриваат нешто сосема позитивно за некоја личност.

Три „лоши“ навики се показатели за висока интелигенција

Дали оставате неред околу себе и многу пцуете? Веројатно цел живот ве осудувале поради овие лоши навики, но истражувањата всушност покажале дека ги имаат само интелигентните луѓе.

Можеби ќе ве интересриа: Шефот на најголемата американска банка: Успешен лидер не мора да биде најпаметната личност или која работи најмногу и најтешко

Иако неуредноста, доцното будење и пцуењето се карактеристики кои често се припишуваат на мрзеливост и грубост, според психолозите, овие навики се показатели за остар ум и висока интелигенција, пишува магазинот Curious Mind.

Неуредност

Има идеја дека да се биде неуреден значи да се биде неорганизиран и оттука - помалку продуктивен. Но, психолог од Универзитетот во Минесота открил дека луѓето кои имаат неуредни соби се поинтелигентни и имаат повисок коефициент на интелигенција.

И навистина, кога вашиот ум е зафатен со толку големи работи, најмалку се грижите за уредноста. Освен тоа, неуредната соба значи дека сте многу креативна личност.

Будење доцна

Кога останувате будни до доцна и морате да станете рано за работа, тоа значи дека веројатно сте секогаш уморни и затоа ве доживуваат како мрзливи без разлика колку работите за време на вашата смена.

Тоа е дека вашиот деноноќен ритам работи поинаку за вас отколку за другите. А она што е интересно е дека научниците пронашле врска помеѓу деноноќниот ритам на луѓето и нивното ниво на интелигенција.

Пцуење

Пцуењето отсекогаш имало лоша репутација. Луѓето кои пцујат често се доживуваат како вулгарни и груби.

Меѓутоа, студијата спроведена на колеџот Марист во Њујорк го покажа спротивното - луѓето кои често пцујат се поинтелигентни, имаат поголем речник и подобри реторички вештини.

Покрај тоа, тие се поискрени бидејќи пцуењето е поврзано со искрени емоции. Тоа значи дека луѓето кои пцујат имаат поголема веројатност да ги покажат своите вистински бои и да ги изразат своите вистински чувства.

Извор: kajgana.com

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде