Vrabotuvanje.com - „Газдата“ на Mercedes доби милионски бонус, а заработува над шест милиони евра годишно
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

„Газдата“ на Mercedes доби милионски бонус, а заработува над шест милиони евра годишно

Директорот на Mercedes, Ола Калениус, минатата година доби плата од милион долари и бонуси за добар бизнис, иако нешто помалку од 2021 година.

„Газдата“ на Mercedes доби милионски бонус, а заработува над шест милиони евра годишно

Калениус добил вкупно околу 6,11 милиони евра, објави во вторникот Mercedes, околу триесет илјади помалку од претходната година.

Фиксната плата му била 1,73 милиони, а варијабилната плата која зависи од остварувањето на целите била 3,86 милиони евра.

Калениус заработил значително повеќе од неговите колеги во менаџментот на компанијата. Другите менаџери имале плата од 3,1-3,6 милиони евра.

Минатата година Mercedes продаде значително повеќе луксузни возила и поради растот на цената ја зголеми заработката за една третина, на околу 14,8 милијарди евра.

Извор: 24auto.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде