Vrabotuvanje.com - Објавена листа на најдобри видови пици: На 1. место едноставната маргерита
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Објавена листа на најдобри видови пици: На 1. место едноставната маргерита

Taste Atlas објави листа на 50 најдобро оценети видови пица, а на прво место е маргеритата.

Објавена листа на најдобри видови пици: На 1. место едноставната маргерита

Во 1889 година, кралицата Маргерита од Савоја го посетила Неапол, каде ѝ била послужена пица направена во боите на италијанското знаме: црвени домати, бело моцарела сирење и зелен босилок. Создадена е од готвачот Рафаеле Еспозито од пицеријата Brandi и се смета за „татко“ на пицата.

Ова јадење многу ѝ се допаднало на кралицата, па Рафаеле пицата ја нарекол маргерита. Се разбира, првата маргерита (која дотогаш не го носела ова име) е направена многу порано. Најстарите податоци датираат од 1866 година.

Се разбира, првите десетина места ги окупираат италијанските пици и тоа наполетана, куатро формаџи, ал таљо, капрезе, капричоза (што кај нас погрешно ја велат капричиоза), пицете, диавола, ал паделино, романа, прошуто е фунги, калцоне, фунги и буфалина. Дури потоа следува неиталијанска пица и тоа американската сисилиан, која сепак е по терк на сицилијанската пица.

Во топ 50 доминираат, нормално, италијанските пици, но има и 12 американски, 2 аргентински и 1 канадска.

Извор: kajgana.com

URL

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде