Vrabotuvanje.com - Објавена листата на најдобри пици на светот – дали се согласувате за „победничката“?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Објавена листата на најдобри пици на светот – дали се согласувате за „победничката“?

„Taste Atlas“ објави листа на 50 најдобро оценети видови на пица, а на прво место е маргарита.

Објавена листата на најдобри пици на светот – дали се согласувате за „победничката“?

Во 1889 година, кралицата Маргарита од Савоја го посетила Неапол, каде ѝ била послужена пица направена во боите на италијанското знаме – црвени домати, бело моцарела сирење и зелен босилек.

Оваа пица ја направил готвачот Рафаеле Еспосито од пицеријата Бранди и се смета за „татко“ на пицата.

Ова јадење многу ѝ се допаднало на кралицата, па Рафаеле пицата ја нарекол маргарита. Се разбира, првата маргарита (која дотогаш не го носела ова име) била направена многу порано. Најстарите податоци датираат од 1866 година.

На листата на „Taste Atlas“, зад маргаритата се најдоа следните видови:

- Napolitana;
- Quattro formaggi;
- Pizza al taglio;
- Caprese;
- Capricciosa;
- Pizette;
- Diavola;
- Pizza al padellino;
- Pinsa romana.

Целата листа, која содржи 50 пици, погледнете ја ТУКА.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде