Vrabotuvanje.com - Сѐ повеќе луѓе сакаат да бидат пилоти: Обуката чини повеќе од 40.000 евра
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Сѐ повеќе луѓе сакаат да бидат пилоти: Обуката чини повеќе од 40.000 евра

Сѐ повеќе луѓе сакаат да бидат пилоти: Обуката чини повеќе од 40.000 евра

Просечно 60.000 луѓе месечно бараат информации за тоа како да станете пилот, според Гугл. По информатичката технологија, авијацијата е барана и кога станува збор за промена на професијата.

Познавачите укажуваат дека пазарот на авиосообраќај се повеќе се развива во последните години и дека за многумина ќе биде барана и оваа професија од соништата. Ниту Ракиќ е една од петте жени пилоти во националната авиокомпанија на Србија. Таа пилотира на сите континенти веќе 20 години и вели дека патниците се изненадени секогаш кога ќе ја видат.

Во Србија летаат 1.538 пилоти, покажуваат податоците на Дирекцијата за цивилно воздухопловство, која годишно издава меѓу 70 и 80 нови дозволи за летање, пренесува РТС.

Има долга листа на барања кои мора да се исполнат за да се стане пилот. Меѓу нив се години студирање, десетици часови летање и нешто повеќе од 40.000 евра, колку што чини обуката за цивилен пилот.

Сето тоа не ги спречува најупорните да добијат пилотска дозвола, како во неколку приватни школи за летови, така и во државната академија за воздухопловство.

Извор: bankometar.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде