Vrabotuvanje.com - За 750 евра месечно: Еве како изгледа да се живее во стан од 9 квадрати во Париз
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

За 750 евра месечно: Еве како изгледа да се живее во стан од 9 квадрати во Париз

Да се живее во Париз воопшто не е евтино. Кирија за стан од девет квадрати во француската престолнина чини 750 евра. Гарсоњера може да се најде за цена од 1.000 до 2.400 евра.

За 750 евра месечно: Еве како изгледа да се живее во стан од 9 квадрати во Париз

Млад Јутјубер, познат по прекарот Тимвикс, живеел во Париз во микро-стан и раскажува како изгледа да се престојува во толку мал простор. Тоалет нема во станот, туку тој е во ходникот и го дели со соседот. Станот има кревет, шпорет со мијалник и мал фрижидер, биро, па дури и туш кабина. Има и место за складирање на лични предмети, од облека до прехранбени производи, тенџериња и слично.

Како што вели јутјуберот, освен релативно ниската кирија за Париз, најдобриот дел од овој стан е погледот. Не само што големиот прозорец визуелно го зголемува просторот, туку нуди и поглед на Ајфеловата кула. Поради близината до центарот на градот и метро станиците, многу е лесно да се стигне до кој било дел од Париз.

Извор: republika.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде