Vrabotuvanje.com - Нусрет со попуст за студентите во еден од неговите ресторани: „Пак е прескапо, спушти се на земја“
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Нусрет со попуст за студентите во еден од неговите ресторани: „Пак е прескапо, спушти се на земја“

Уште од Светското првенство во Катар, кога турскиот готвач Нусрет Гокче ја налути јавноста фотографирајќи се со трофејот, изгледа секој негов потег наидува на критики.

Нусрет со попуст за студентите во еден од неговите ресторани: „Пак е прескапо, спушти се на земја“

Имено, Нусрет сега одлучил на студентите да им понуди 30 отсто попуст во неговиот ресторан во Бостон.

„Јас не можев да одам на училиште, образованието е скапо. Затоа им давам попуст од 30 проценти на сите студенти во ресторанот Бостон Нуср-Ет“, напиша тој покрај фотографијата на Инстаграм на која позира пред бизнис школата на Харвард.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)

Сега неговите стекови обвиткани со злато им се достапни на студентите за нешто повеќе од илјада долари, пишува „The Sun“. Таков стек обично чини 1.500 долари или повеќе.

Но, неговите следбеници повторно го критикуваат во коментарите и му порачуваат дека и покрај попустот, храна во неговиот ресторан можат да си дозволат само најбогатите.

„Тогаш зошто не им плаќаш стипендија на студенти?“, „Ова е сепак прескапо“, „Убав гест всушност, но сепак чини премногу“, „Студентите немаат пари, човеку“, „Студент не може да си дозволи бифтек, спушти се на земја“, „Одлично, сега стек не е 1.000 туку 700 евра“, се дел од коментарите.

Извор: tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде