Vrabotuvanje.com - Пекар од Славонија вовел стимуланс за стаж за да ги задржи своите работници
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Пекар од Славонија вовел стимуланс за стаж за да ги задржи своите работници

Пекар од Доњи Михољец ја презел работата во свои раце и решил да ги задржи работниците нудејќи им парични награди доколку останат да работат во неговата фирма.

Пекар од Славонија вовел стимуланс за стаж за да ги задржи своите работници

Работниците кои ќе останат во неговата фирма 6 месеци, добиваат стимулација од 1.000 куни, а доколку останат една година се наградени со 2.000 куни! Покрај божиќниот бонус, на своите вработени им дава и дополнителни 45 куни за секој месец стаж.

Просечната плата во компанијата е 4.000 куни, а сопственикот на фирмата Јосип Кнежевиќ особено посочува дека нема прекувремена работа, тој работи 42 часа неделно, а викендите се слободни.

- Сегментот на замрзнати пекарски производи во моментов се проширува, а со оглед на тоа што се повеќе млади луѓе ја напуштаат Славонија, решив да воведам стимулации за задржување на работниците, вели Кнежевиќ.

Компанијата првенствено се занимава со производство на замрзнати пекарски производи и моментално вработува повеќе од 27 работници кои работат во две смени.

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде