Vrabotuvanje.com - Колкави се платите во европската фабрика на Тесла
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Колкави се платите во европската фабрика на Тесла

За разлика од германските производители како BMW, Porsche и други, заработката не вклучува бонуси.

Колкави се платите во европската фабрика на Тесла

Tesla важи за најпрофитабилниот производител на автомобили во светот, а извршниот директор Илон Маск веќе е еден од најбогатите луѓе во светот. Но, дали тоа се одразува на платите на вработените во компанијата?

Досега Тесла има околу 3.500 вработени со полно работно време во германската фабрика во околината на Берлин, поточно во Гринхајд. Многу информации за условите за работа на производителите на електрични автомобили може да се најдат на порталот за рејтинг Kununu.

Според тие извештаи, програмерите или инженерите заработуваат меѓу 63.700 и 71.600 евра бруто годишно.

Работник во производство, одржување или логистика, годишната плата е помеѓу 33.900 евра и 41.400 евра.

За разлика од германските производители како BMW, Porsche и други, овие плати не вклучуваат бонуси.

Во BMW, на пример, работниците можат да сметаат на синдикален бонус и годишен бонус, во зависност од профитот на компанијата.

Извор: biznisinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде