Vrabotuvanje.com - Apple им забрани на вработените да користат ChatGPT
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Apple им забрани на вработените да користат ChatGPT

Apple им забрани на вработените да користат ChatGPT

Apple им забрани на своите вработени да користат ChatGPT, најмногу поради стравот од протекување на чувствителните податоци на компанијата и фактот дека споменатиот четбот се повеќе се интегрира во алатките на Microsoft. 

Иако оваа вест доаѓа прилично ненадејно, тоа не е толку необично. Имено, репортерот и аналитичар на Блумберг, Марк Гурман, неодамна на Твитер објави дека ChatGPT со месеци е на списокот со ограничен софтвер на Apple.

„Верувам дека ChatGPT е забранет или ограничен софтвер во Apple веќе со месеци“. „Очигледно, објавувањето на ChatGPT на iOS повторно го прави ова релевантно“, напиша Гурман.

За потсетување, ChatGPT неодамна е достапна како официјална мобилна апликација на iOS. Може да се преземе бесплатно на App Store, а како што неодамна напишавме во нашата статија, наскоро ќе биде достапен и на Android.

Извор: biznisinfo.mk

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде