Vrabotuvanje.com - Погребот на кралицата Елизабета ја чинеше британската Влада 190 милиони евра
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Погребот на кралицата Елизабета ја чинеше британската Влада 190 милиони евра

Државниот погреб беше одржан на 19 септември минатата година, 11 дена по смртта на кралицата,

Погребот на кралицата Елизабета ја чинеше британската Влада 190 милиони евра

На погребот на кралицата на 19 септември минатата година му претходеше период на национална жалост за време на кој пошироката јавност можеше да се збогува со својот монарх со најдолго владеење, во лондонската Вестминстерска сала, пренесува Ројтерс.

Пред тоа, ковчегот со телото на Елизабета Втора беше во катедралата во Единбург.

„Приоритет на Владата беше настаните поврзани со погребот да се одвиваат непречено и со соодветна доза на достоинство, а во исто време безбедноста на граѓаните е загарантирана во секое време“, напиша министерот за финансии Џон Глен во писмото до Парламентот.

Најголем дел од парите, 73,7 милиони фунти, отишле во Министерството за внатрешни работи, одговорно за одржување на редот и националната безбедност.

Полицијата на градот Лондон распореди најголем број полицајци досега на улиците, велејќи дека тоа е нивната најголема безбедносна операција во историјата.

Британската кралица почина на 8 септември 2022 година на 97-годишна возраст.

На функцијата монарх ја наследи нејзиниот син, кралот Чарлс III, кој беше крунисан на 6 мај оваа година.

Извор: fokus.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде