Vrabotuvanje.com - Мал трик со кој хулахопките ќе ви траат со месеци
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Мал трик со кој хулахопките ќе ви траат со месеци

Мал трик со кој хулахопките ќе ви траат со месеци

Доаѓањето на ладното време значи и отварање на сезоната на носење хулахопки. Станува збор за парче облека кое не излегува од мода, но кое има најкраток рок на траење. Колку и да се внимава при нивно облекување или соблекување, не ретко се случува тие да се скинат и веќе да бидат неупотребливи.

Сепак, со овој мал трик ќе може да се продолжи нивното траење. Станува збор за три кратки и едноставни чекори:

  • новиот пар хулахопки натопете ги во вода и добро процедете ги
  • така процедени ставете ги во пластична кеса и оставете ги да отстојат цела ноќ во фрижидер
  • сабајлето извадете ги и оставете ги на собна температура

Направете го ова само еднаш и ќе можете да ги носите хулахопките цела сезона без притоа да стравувате дека истите ќе ви се искинат.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде