Vrabotuvanje.com - „Никогаш подобро не сум спиела“: Рецепт за безалкохолен коктел којшто опушта и поттикнува мирен сон
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

„Никогаш подобро не сум спиела“: Рецепт за безалкохолен коктел којшто опушта и поттикнува мирен сон

Дали сте знаеле дека во денешниот забрзан свет, дури една од три личности пати од несоница?

„Никогаш подобро не сум спиела“: Рецепт за безалкохолен коктел којшто опушта и поттикнува мирен сон

Стрес, премногу задачи кои секојдневно ги извршуваме и хронично чувство како да не сме стигнале да направиме сè, се само некои од причините зошто луѓето не можат да се опуштат.

ТикТок е бескрајно царство на идеи, трикови и совети за сечиј живот, па така таму најдовме еден рецепт за лесен и успешен сон.

Инфлуенсерката Кали Шеа секојдневно на таа социјална мрежа споделува корисни совети, а меѓу нив се нашол и рецептот за вкусен коктел којшто помага да заспиеме побрзо и поцврсто, а наутро да се разбудиме свежи и одморени.

Безалкохолниот коктел „Sleepy Girl“ воодушевил многу луѓе на ТикТок затоа што има прекрасен вкус и ве опушта.

Состојки:

- 1 вреќичка камилица;
- Природен сок од вишни;
- 1 лажица сируп од лаванда;
- 1 лажица свеж лимонов сок;
- 100 милилитри минерална вода;
- Неколку коцки мраз;
- Свежо нане;
- Кора од лимон.

Подготовка:

1. Потопете ја вреќичката од камилица во 200 милилитри вода, па почекајте неколку минути.

2. Помешајте го чајот, сирупот од лаванда, лимоновиот сок и сокот од вишни.

3. Чашата за коктел наполнете ја со мраз, па прелијте ја со минерална вода. Додадете нане и кора од еден лимон, па добро помешајте.

4. На крај во истата чаша додадете ги и помешаните претходни состојки, па сè добро измешајте.

„Никогаш подобро не сум спиела“, напишала познатата велнес инструкторка и ги повикала следбениците да си го направат овој напиток.

Извор: karmin.tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде