Vrabotuvanje.com - Финансиско друштво М Кеш минатиот викенд одржа Конференција под слоганот „ПРОМЕНИ-СПЛОТЕНОСТ-РЕЗУЛТАТИ“
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Финансиско друштво М Кеш минатиот викенд одржа Конференција под слоганот „ПРОМЕНИ-СПЛОТЕНОСТ-РЕЗУЛТАТИ“

Финансиско друштво М Кеш минатиот викенд одржа Конференција под слоганот „ПРОМЕНИ-СПЛОТЕНОСТ-РЕЗУЛТАТИ“

Оваа година се одлучија на своите вработени да им овозможат работна конференција и неформална дружба на прекрасната Пониква во ресортот Магнолија, од која конференција дел беа и колегите од  М Брокер, нивната сестра фирма.

Зад овој настан, перфектно организиран од страна на одделите за човечки ресурси, маркетинг и целиот тим, за забавата се погрижи познатиот бенд  Куку Леле.

Нивната визија е како иновативна компанија која ги следи трендовите во индустријата, преку бројни промени во процеси, структурни промени, корпоративна култура каде негуваат уникатни вредности (човечност, иновативност и одговорност), оптимизации, имплементација на иновативни решенија да ја задржат квалитетнта услуга и третман на клиентите.

Како сериозна компанија со тим од професионалци тие се свесни дека постигнатите успеси се должат на сплотеноста на тимот и само со сплотен тим може да се постигнат резултати и компаниски развој.

“Но ниту една планина не е превисока, ниту една пречка не е премногу застрашувачка, кога стоиме сплотени. Се стремиме да поттикнеме средина на доверба, почит и отворена комуникација, каде што секоја идеја, без разлика колку е голема или мала, добива можност за реализација. Негуваме култура на континуирано учење, каде што ги прифаќаме и успехот и неуспехот како поле за подобрување на секој од нас и професионален развој”. – изјави генералниот директор Бјанка Катру.

М Кеш и М Брокер се дел од MFG (Management financial group), групација која се занимава со брзи кредити и други дејности каде главна одлика е иновативноста и следење на бизнис трендовите во финтек индустријата.

М Кеш е  првото онлајн финансиско друштво кое е присутно на пазарот од 2015 година, со своето работење започна онлајн, а во моментот располага со 47 Продавници за пари и две канцеларии под брендот Пари до дома каде клиентите може да аплицираат за кредит.

Нивното семејство на вработени брои над 160 лица, професионалци кои функционираат  сплотено, тимски го водат бизнисот и тоа им овозможува да се позиционираат низ годините како лидери на пазарот.


Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде