Vrabotuvanje.com - Фабриките на странските инвеститори се попримамливи за вработување!
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Фабриките на странските инвеститори се попримамливи за вработување!

Продолжува континуираниот раст на бројот на вработени во странските инвестиции.

Фабриките на странските инвеститори се попримамливи за вработување!

Официјалните податоци велат дека 17 илјади лица работат во фабриките сместени во индустриските зони во земјава. Висината на платата, организираниот превоз, обезбеден оброк и самите услови за работа се доволна причина овие компании со странски капитал да бидат една од првите опции за вработување на граѓаните од Македонија.

Според податоците на ТИЗР од почетокот на годинава бројот на вработени во странските инвестиции се изкачил за 800 лица и сега вкупниот број на вработени изнесува нешто над 17 илјади лица. Тоа е добар показател дека странските инвестиции се место каде се нуди пристојно вработување со сите европски стандарди и почитување на трудот на работниците.

„Имаме над 800 нови работни места само од почетокот на годинава. Ја надминавме бројката од 17.000 вработени во Зоните. Ова се должи пред се на засилената динамика на вработување, односно на ангажирање на луѓе кои што се реализираат заради новите договори кои што се потпишани во изминатите години. Дополнително, бројот на вработени во првото полугодие оваа година во компаниите е поголем за пет отсто, додека споредено со јуни минатата година е регистриран пораст од 14%. Очекуваме ваквиот тренд да продолжи и до крајот на годинава“, велат од ТИРЗ.

Дека добро им оди на компаниите со странски капитал покажуваат официјалните бројки кои покажуваат дека извозот во првите шест месеци достигна близу 2 милијарди евра што претставува пораст од 12% во однос на истиот период лани. Но очекувањата на надлежните се дека оваа година ќе се стаса до 4 милијарди евра извоз заради тоа што дел од капацитетите со кои минатата година е потпишан договор ќе започнат со производство и извозот ќе се зголемува дополнително.

На следните линкови можете да најдете активни огласи за вработување во странски произодствени компании:

  1. Огласи за вработување во Dräxlmaier 
  2. Огласи за вработување во Kromberg & Schubert
  3. Огласи за вработување во Magna 
  4. Огласи за вработување во Vitek
  5. Огласи за вработување во Johnson Matthey
  6. Огласи за вработување во Marquardt
  7. Огласи за вработување во Kostal
  8. Огласи за вработување во Kemet
  9. Огласи за вработување во Van Hool
  10. Огласи за вработување во ARC Automotive 
  11. Огласи за вработување во Gentherm
  12. Огласи за вработување во Lear Corporation
  13. Огласи за вработување во Gerresheimer
  14. Огласи за вработување во Tekno Panel 
  15. Огласи за вработување во Iprotex  
  16. Огласи за вработување во Aptiv
  17. Огласи за вработување во Hi-Tech Corporation
  18. Огласи за вработување во WIK
Извор: denar.mk
 
 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде