Vrabotuvanje.com - По 500 евра за секој што ќе дојде наспан на работа
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

По 500 евра за секој што ќе дојде наспан на работа

Освен тоа, вработените се мотивираат да земаат слободни денови, а работата мора да биде во пријатна и позитивна работна атмосфера

По 500 евра за секој што ќе дојде наспан на работа

Среќен работник е најдобар работник. А колку среќен може да биде работникот ако неговиот газда се грижи и за тоа тој да биде наспан на работното место одредете сами.

Компанијата за организирање венчавки Crazy Inc во Јапонија е веројатно единствената во светот која ги наградува своите вработени со бодови за квалитетен сон.

Во оваа фирма, работниците кои спијат минимум шест часа во текот на петте работни дена, се наградуваат со поени кои можат да се заменат со бесплатни оброци.

Нема мамење

Посебна апликација ги мери часовите сон на секој одделен работник, а годишно може со спиење да се заработат дури 500 евра. Освен тоа, вработените се поттикнуваат да користат слободни денови, а работата мора да се одвива во пријатна и позитивна работна атмосфера.

Дали вашиот работодавач применува некои вакви слични креативни решенија на вашето работно место? Споделете ја вашата приказна со нас.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде