Руската валута рубљата паѓа и таа сега се вбројува во трите најслаби валути во светот.
Стапката на доларот на Московската берза се искачи на 99 рубли, еврото се тргува за 109 рубли. Ова се случи за прв пат од 25 март лани. Само турската лира и аргентинскиот пезос поевтинија повеќе, пишува Блумберг. Веќе шест месеци руската валута паѓа, но таа и лани откако почна руската инвазија на Украина доживеа драматични падови.
Руската економија сега доживува „девизен глад“ затоа што приходите од извоз се намалуваат, надворешната трговија се деградира до шеми за размена во рубљи, а одливот на капитал добива на интензитет, пишува „Москва тајмс“. Инвеститорите од т.н пријателски земји на Русија почнаа да ги продаваат акциите на руските компании.
Извор: faktor.mk