Vrabotuvanje.com - Русија ќе избира вработени за државната служба со помош на вештачка интелигенција
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Русија ќе избира вработени за државната служба со помош на вештачка интелигенција

Русија ќе избира вработени за државната служба со помош на вештачка интелигенција

Русија од септември ќе избира вработени за државната служба со помош на вештачка интелигенција (АИ).

Како дел од овој експеримент ќе се користи платформата „Државен персонал“ која ќе го автоматизира процесот на селекција на вработените, пишува руски Ведомости, повикувајќи се на најновата регулатива на руското Министерство за дигитален развој.

Оваа платформа истовремено ќе го следи професионалниот развој на работниците, нивната мотивација или оценување од страна на нивните претпоставени.

Експериментот со вештачка интелигенција ќе трае до 1 ноември 2024 година, а неговата цел е „да ги провери методите за извршување на кадровската работа со помош на ИТ технологии“.

Извор: biznisinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде