Vrabotuvanje.com - Индија вработи „луѓе-мајмуни“ за да ги растеруваат мајмуните за време на самитот Г-20
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Индија вработи „луѓе-мајмуни“ за да ги растеруваат мајмуните за време на самитот Г-20

Индија вработи „луѓе-мајмуни“ за да ги растеруваат мајмуните за време на самитот Г-20

Градскиот совет на Њу Делхи ангажирал повеќе од 30 луѓе да ги имитираат движењата и вокализациите на агресивните лангури, природните непријатели на помалите макаки резус кои пустошат во зелените површини околу владините згради.

„Не можеме да ги отстраниме мајмуните од нивната природна средина, па распоредивме 30 до 40 луѓе да ги бркаат“, рече Сатиш Упадјај, потпретседател на градскиот совет. Иако се почитувани во мнозинската хинду нација, мајмуните се вистинска непријатност бидејќи пустошат градини и покриви на згради и куќи, а понекогаш и ги напаѓаат луѓето за храна.

Извор: vesnik.com

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде