Vrabotuvanje.com - Минималецот во Србија од следната година 400 евра, зголемена и најниската цена по работен час
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Минималецот во Србија од следната година 400 евра, зголемена и најниската цена по работен час

Владата на Република Србија на денешната седница ја донесе Одлуката за висината на минималната плата за периодот јануари-декември 2024 година, според која минималната плата, без даноците и придонесите за задолжително социјално осигурување, ќе се зголеми на 271 динари по работен час за наредната година.

Минималецот во Србија од следната година 400 евра, зголемена и најниската цена по работен час

Тоа значи дека минималната цена на трудот, наместо досегашните 230 динари, ќе се зголеми на 271 динар на час, што е зголемување за 17,8 отсто, соопшти Владата на Србија.

По ова рекордно зголемување, минималната плата ќе изнесува 47.154 динари или во просек 401 евро месечно. Истовремено, таа ќе биде значително над очекуваната просечна инфлација од 4,9 отсто во 2024 година, што ќе влијае и на побрзото и позначајно приближување на минималната плата до минималната потрошувачка кошничка.

Извор: nezavisen.mk

 
 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде