Vrabotuvanje.com - Ги миете рацете со топла или со ладна вода? Еве кој е правилниот начин
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Ги миете рацете со топла или со ладна вода? Еве кој е правилниот начин

Ги миете рацете со топла или со ладна вода? Еве кој е правилниот начин

Луѓето мислат дека миењето раце со антибактериски сапун во топла вода ќе убие повеќе бактерии на рацете, отколку обичен сапун со ладна вода. Научниците го докажале спротивното.

Температурата на водата нема никакво влијание врз количината на бактерии кои ги миеме од рацете, како ни употребата на антибактерискиот сапун. Разликата во количината бактерии се покажала кај начинот на перење раце.

За луѓето да отстранат повеќе бактерии потребно е да ги тријат рацете со сапун барем 10 секунди, покажало истражување во Њу Џерси.

Луѓето мораат да се чувствуваат удобно за време и после миењето раце, но што се однесува до ефектот - исто е дали ги миеме рацете со топла или со ладна вода.

Топлата вода е подобра, бидејќи помага сапунот полесно да се запени, но активноста на при миењето на сапунот од рацете помага подобро да се исчистат рацете, вели докторката Лиза Ејкли.

press24.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде