Vrabotuvanje.com - За две години 85.000 македонски граѓани емигрирале во Германија
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

За две години 85.000 македонски граѓани емигрирале во Германија

За две години 85.000 македонски граѓани емигрирале во Германија

За две години, 85.000 македонски граѓани емигрирале во Германија, со што Македонија изгубила 4,6 отсто од населението, покажува истражувањето на Институтот за јавна политика.

Според последниот попис на населението во Германија во 2022 година, во таа земја живеат 222.000 луѓе од Македонија, од кои 158.000 се родени во земјава, покажува истражувањето.

„Од 2020 до 2022 година, бројот на граѓани со потекло од Македонија е зголемен за 44 отсто, од 154.000 на 222.000. Околу 32.000 граѓани на Македонија заминале во Германија во 2021 година, а уште 53.000 во 2022 година“, се вели во истражувањето.

Извор: lokalno.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде