Vrabotuvanje.com - Германија би да гради фабрики за чипови, но кој ќе работи во нив?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Германија би да гради фабрики за чипови, но кој ќе работи во нив?

Германија би да гради фабрики за чипови, но кој ќе работи во нив?
Во Германија се планира изградба на нови фабрики за чипови, многу потребни на индустријата. Државата ја помага изградбата, но тоа не е доволно. Мора да се направи „офанзива“ за да се најдат стручњаци кои ќе работат во тие погони, најавуваат од здружението Битком.
 
„Ако користиме милијарди евра на даночните обврзници за поддршка на нови фабрики за чипови, тогаш ни требаат и средства за обука на квалификувани работници кои ќе работат таму“, рече претседателот на Bitcom, Ралф Винтергерст.
 
Во моментов има 137.000 слободни работни места во ИТ секторот, рече Винтергерст.
 
Производителите на чипови планираат фабрики во Магдебург и Дрезден благодарение на државната помош. Околу 90 отсто од индустриските компании во Германија се потпираат на полупроводници, а за 80 отсто тие се од суштинско значење.
 
Претседателот на Битком апелираше да се олесни имиграцијата на квалификувани работници во Германија бидејќи тие можат да се вработат низ целиот свет.
 
Бирократските процеси во Германија сè уште се „толку незгодни што всушност стојат на патот на политичката волја да се доведат врвни луѓе“, рече Винтергерст.
 
Покрај тоа, повеќе млади луѓе, особено девојки и млади жени, мора да бидат вклучени во дигиталната економија и микроелектрониката во германските училишта и универзитети.

Извор: vecer.press

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде