Vrabotuvanje.com - Примала плата од 16 фирми, а не работела ниту еден ден: Филмската приказна ќе заврши на суд
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Примала плата од 16 фирми, а не работела ниту еден ден: Филмската приказна ќе заврши на суд

Жена примала плата од 16 фирми, а не работела ниту еден ден, филмската приказна, како што пренесуваат медиумите во регионот, ќе заврши на суд.

Примала плата од 16 фирми, а не работела ниту еден ден: Филмската приказна ќе заврши на суд

На суд ќе се појави и нејзиниот сопруг, а наводно воделе внимателна евиденција за сите работодавци, улогите што треба да ги извршува во фирмите и месечната заработувачка.

Жената постојано барала нови работодавци, а кога одела на интервју за работа се фотографирала и им кажувала на другите шефови дека преговара со клиентите.

Системот, според написите, функционирал беспрекорно со години овозможувајќи ѝ да купи скап стан во Шангај, пренесува Oddity Central.

Шемата за измама почнала да се разоткрива минатиот јануари кога еден од нејзините поранешни работодавци го нашол нејзиното писмо во неколку онлајн-групи и сфатил дека ја отпуштил порано.

Мажот дознал дека таа работи во друга фирма додека била на неговиот платен список и веднаш повикал полиција.

Набргу бил склопен мозаикот од измамата, која се проценува на неверојатни шест милиони евра. Покрај неа и нејзиниот сопруг, уапсени се и 50 соучесници.

Локалните медиуми јавуваат дека ваквите измами се голем проблем во Кина, со стотици специјализирани групи, кои наводно ги преземаат работните места од работодавците.

Специјално се обучени, имаат испеглани биографии, а ги интересираат само плати, велат познавачите.

Извор: kajgana.com

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде