Vrabotuvanje.com - Зонското паркирање на „Градски паркинг“ од недела со зимско работно време
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Зонското паркирање на „Градски паркинг“ од недела со зимско работно време

Промена се врши и на работното време на јавните паркиралишта Нова Македонија, Народен Фронт и АМСМ, каде услугата паркирање ќе биде овозможена 24/7

Зонското паркирање на „Градски паркинг“ од недела со зимско работно време

Од недела, 1 октомври, јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје ќе започне со зимско сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува.

Согласно промените, работното време во зоните А, Б и Ц ќе биде од понеделник до петок од 7 до 21 часот, а во сабота од 7 до 14 часот.

На јавната површина наменета за паркирање зона Д, пак, работното време останува исто, односно од понеделник до сабота од 7 до 23 часот.

Од претпријатието информираа дека од недела се врши промена и на работното време на јавните паркиралишта Нова Македонија, Народен Фронт и АМСМ, каде услугата паркирање ќе биде овозможена 24/7.

„Градски паркинг“ апелира корисниците да бидат внимателни и наплатата за паркинг услугата да ја извршат навремено и уредно, во согласност со работното време на паркиралиштата.

Извор: meta.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде