Vrabotuvanje.com - Колкав процент од младите во ЕУ работат додека се школуваат?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Колкав процент од младите во ЕУ работат додека се школуваат?

Колкав процент од младите во ЕУ работат додека се школуваат?

Младите ширум Европа се школуваат и работат паралелно. Една четвртина од сите млади луѓе во Европската унија работат во текот на школувањето. 

Станува збор за младите на возраст од 15 до 29 години, објави денеска Евростат. Лани  72 отсто од младите граѓани на ЕУ биле надвор од пазарот на труд за време на нивното образование, а три отсто активно барале вработување.

Најголем процент на млади кои студираат и работат е регистриран во Холандија – 73 проценти, Данска – 52 проценти, Германија – 45 проценти, а најмал во Романија – два проценти, Словачка – пет проценти, Унгарија – шест проценти.

Најголем дел од младите во формалното образование кои активно бараат вработување е евидентиран во Шведска – 13 проценти, Финска – седум проценти, Холандија – шест проценти.

Помалку од еден процент од младите кои студираат во Унгарија, Чешка, Романија, Хрватска, Полска и Литванија активно барале работа лани, а овие земји имаат и најголем број млади луѓе кои не учествуваат во пазарот на трудот во текот на нивното образование.

Извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде