Vrabotuvanje.com - Познат ресторан направи потег за пофалба: Ги намали цените поради зголемените трошоци, со дополнителен попуст за вработените
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Познат ресторан направи потег за пофалба: Ги намали цените поради зголемените трошоци, со дополнителен попуст за вработените

Познат ресторан направи потег за пофалба: Ги намали цените поради зголемените трошоци, со дополнителен попуст за вработените

Ресторанот Мана во Манчестер, со Мишелин ѕвезда, ги намали цените на своето мени за дегустација како одговор на зголемените трошоци за живот.

Од 1 ноември, Мана ќе ја намали цената на своето целосно мени од 195 фунти (220 евра) на 175 фунти (200 евра) и ќе понуди дополнителен попуст за оние кои работат во угостителската индустрија.

„Размислувавме колку сме достапни, бидејќи нашата работа не ни значи толку многу ако не можеме да ја споделиме надалеку“, напиша ресторанот на својот Инстаграм профил, пренесува thecaterer.

- Покрај нашите драги гости, размислувавме и со кого друг навистина сакаме да ја споделиме нашата возбуда и брзо решивме дека тоа ќе бидат други кои се занимаваат со угостителство - додаваат тие.

Јадењата на Мана вклучуваат, меѓу другото, остриги со лимета и копар, сладок „коџи крем“ и јоркширски јагоди.

Извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде