Vrabotuvanje.com - Лудо време: Денес до 31 степени
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Лудо време: Денес до 31 степени

Лудо време:  Денес до 31 степени

Времето денеска ќе биде сончево со умерена, а на места повремено со значителна облачност. Претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, информираат од УХМР. Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 31 Целзиусов степен.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, која повремено ќе се зголемува. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 27 степени.

И во петок наместа ќе има значителна облачност, а претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Во петок долж Повардарието, а во недела во поголем дел од земјава ќе дува засилен северен ветер. Дневната температура во следните денови ќе се задржи над просекот за овој период.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде