Vrabotuvanje.com - Над 95 проценти од деловните субјекти користат компјутери во работењето, над 50 проценти имаат веб страница
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Над 95 проценти од деловните субјекти користат компјутери во работењето, над 50 проценти имаат веб страница

Над 95 проценти од деловните субјекти користат компјутери во работењето, над 50 проценти имаат веб страница

Над 95 проценти од деловните субјекти во земјава користат компјутери во работењето, а над 50 проценти имаат веб страница, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според овие податоци, 96,4 проценти од деловните субјекти годинава користеле компјутер, а широкопојасен пристап на интернет преку фиксна конекција имале 91,6 проценти од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.

Од вкупниот број деловни субјекти, 52,5 проценти имале веб-страница или почетна страница.

Во однос на е-трговијатa, 14,7 проценти од деловните субјекти со е-продажба примиле нарачки преку компјутерските мрежи, a 14,3 проценти примиле нарачки за стоки или услуги преку веб-продажба.

Извор: ekonomski.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде