Vrabotuvanje.com - Факултет во Ирска нуди диплома за инфлуенсери
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Факултет во Ирска нуди диплома за инфлуенсери

Оние што сакаат да станат успешни инфлуенсери по завршувањето на средното училиште имаат уникатна можност сериозно да ѝ се посветат на оваа кариера бидејќи универзитет во Ирска воведува ваква насока.

Факултет во Ирска нуди диплома за инфлуенсери

Темите опфатени во четиригодишната насока вклучуваат деловни вештини, видео и аудиомонтажа, културолошки студии, креативно пишување…

– Многу луѓе соработуваат со брендови. Оваа насока е поврзана со постојните пи-ар и маркетинг-стратегии, но сепак е нова категорија сама по себе – објаснува д-р Еленор О’Лири, професорка по медиуми и комуникации на Универзитетот во Ирска. Таа објаснува дека интересот за оваа област расте кај потенцијалните студенти, но и кај многу работодавачи.

О’Лири рече дека студентите што ќе дипломираат ќе бидат опремени за самовработување или креирање содржини за различни компании или организации.

– Од 2019 година овој сектор двојно се зголеми во глобална вредност. Се проценува дека вреди меѓу 14 и 16 милијарди евра. Станува збор за област која бара специфичен сет на вештини. Многу млади луѓе знаат како да го користат интернетот, но ние одлучивме да ги научиме на деловни вештини и да научат што можат да прават како креативци. Треба да ги разберат културолошките аспекти, треба да имаат технички вештини, да умеат да прават поткасти и да пишуваат сценарија. Ќе имаме модул за креативно пишување и снимање видеосодржини – вели О’Лири и додава дека курсот ќе биде важен и за развивање на снаодливоста во деловниот и правниот свет за да не се прават грешки.

Таа вели дека иако понекогаш луѓето стануваат влијателни случајно, целта на курсот е да ги едуцира студентите како да ја задржат публиката и да заработуваат од тој успех.

Извор: hitportal.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде