Vrabotuvanje.com - Кисела Вода утрово без парно поради дефект
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Кисела Вода утрово без парно поради дефект

Дефект поради кој дошло до губење вода на дистрибутивната мрежа предизвика прекин на испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во населбата Кисела Вода, извести ЕСМ.

Кисела Вода утрово без парно поради дефект

„Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина веќе се на терен и интензиво работат на лоцирање на дефектот, со цел истиот да биде изолиран и саниран.

Поради големината на дефектот, во овој момент невозможно е да се даде прецизна проценка кога тој ќе биде отстранет, но се прават напори редовното снабдување со топлина до сите потрошувачи на споменатите улици да биде воспоставено во најкраток можен временски рок“, велат од ЕСМ.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100.

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде