Vrabotuvanje.com - Компанијата Нелт СТ ги следи трендовите на пазарот - воведува флексибилен модел на работа!
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Компанијата Нелт СТ ги следи трендовите на пазарот - воведува флексибилен модел на работа!

Компанијата Нелт СТ ги следи трендовите на пазарот, воведувајќи флексибилен модел на работа за вработените на административни позиции.

Компанијата Нелт СТ ги следи трендовите на пазарот - воведува флексибилен модел на работа!

Почнувајќи од 01.09 вработените имаат можност за работа од дома за 20% од работните денови во месецот, како и флексибилно работно време со можност за почеток во периодот од 7:30 до 8:30 и крај на работното време во периодот од 15:30 до 16:30.

Со воведување на флексибилниот модел на работа, Нелт СТ сака да го зголеми нивото на мотивација кај вработените, како и нивната продуктивност,  а воедно да го намали нивото на стрес и да придонесе за подобар work life баланс.

По првиот месец од воведување на новиот модел се забележува дека вработените позитивно реагираат на промените и се задоволни од можноста да го одберат местото за работа и работните часови. Од компанијата велат дека задоволството на вработените е секогаш број еден приоритет за нив и ќе продолжат и во иднина да ги следат трендовите кои ќе придонесат за обострано задоволство и остварување на резултати.

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде