Vrabotuvanje.com - Завршува летното сметање на времето
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Завршува летното сметање на времето

Летното сметање на времето завршува во недела на 29 октомври во три часот по полноќ, поместувајќи се еден час наназад, со што започнува зимското сметање на времето.

Завршува летното сметање на времето

Часот што се појавува двапати помеѓу два и три часот на 29 октомври, поради поместување еден час наназад, првиот пат е означен како час 2А, а вториот пат како час 2B.

Европската унија пред неколку години најави дека ќе го укине летното и зимското сметање на времето и ќе донесе единствено време, но тоа се уште не се случи.

Зимското сметање на времето се префрла на секој последен викенд во октомври ноќта помеѓу сабота и недела, додека летното сметање на времето се префрла на последната недела во март кога времето се поместува еден час понапред.
 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде