Vrabotuvanje.com - Бегал од полицијата и скокнал во река полна со крокодили
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Бегал од полицијата и скокнал во река полна со крокодили

Бегал од полицијата и скокнал во река полна со крокодили

Во Австралија во тек е потрага по маж кој бегајќи од полицијата скокнал во реката Фицрој, полна со крокодили. 36-годишниот маж вчера вечерта се обидел да ѝ побегне на полицијата и бил виден како панично скока во опасната река и вреска, пишува Дејли Мејл.

„Полицијата и службите за итни случаи спроведуваат обемна потрага во која учествуваат повеќе авиони и пловни објекти. Засега не успеавме да го лоцираме исчезнатиот. Тој е белец, висок околу 187 см, слаба градба, кафена коса и сини очи. Последен пат е виден облечен во сива кошула и темно сиви шорцеви. Претресот е прекинат синоќа во 22 часот и 20 минути и повторно ќе започнеме утрово“, соопштија од полицијата.

Реката Фицрој е позната по огромниот број крокодили. Во јули годинава во неа беше фатен крокодил чудовиште од 4,5 метри. Службеникот за диви животни, Џош Морис, рече дека вчера добиле 32 пријави од луѓе кои виделе крокодили во областа.

„Тоа е потсетник дека Рокхемптон е земја на крокодили и дека има крокодили во реката Фицрој, над и под браната. Ако влезете во река во земја на крокодили, тоа е ваш избор. Запомнете, во земјата на крокодили, вие сте одговорни за вашата безбедност“, рече тој.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде