Vrabotuvanje.com - По 1.000 евра за секој што од странство ќе се врати назад - мерка со која малото далматинско место им пркоси на Германија и Ирска
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

По 1.000 евра за секој што од странство ќе се врати назад - мерка со која малото далматинско место им пркоси на Германија и Ирска

Секој што ќе се врати од странство во своето родно место ќе добие 1.000 евра

По 1.000 евра за секој што од странство ќе се врати назад - мерка со која малото далматинско место им пркоси на Германија и Ирска

Со оваа мерка хрватската општина Градец им пркоси на Германија и Ирска, земји во кои се иселиле најголем број хрватски државјани.

Целта е да се вратат младите во родното место, вели градоначалникот на Градец, Матко Буриќ.

Секој повратник кој ќе го повлече носталгија и среќата ќе ја побара на подрачјето на градската општина ќе добие половина од износот по склучување на договор со општината, а втората половина после година дена поминати на подрачјето на Градец.

Сепак, тука нема да бидат опфатени луѓето кои се на сезонска работа во БиХ или Словенија на пример.

Прочитај: Швајцарија ве повикува: “Доселете се во нашата држава и ќе заработите по 60.000 евра”

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде