Vrabotuvanje.com - Денес сонце, утре дожд
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Денес сонце, утре дожд

За утре УХМР најавува променливо облачно време со услови за дожд, особено во попладневните часови. Дождот повремено ќе биде пороен, проследен со ретки грмежи

Денес сонце, утре дожд

Сончево и топло – вакво време, според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) нè очекува денеска во земјава. Ќе има мала до умерена, претежно висока облачност, и ќе дува слаб јужен ветер.

Минималните температури ќе се движат од 6 до 14 Целзиусови степени, а максималните од 18 до 28 степени.

 

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Температурите во главниот град денеска ќе се движат од минимални 12 до максимални 24 степени.

За утре УХМР најавува променливо облачно време со услови за дожд, особено во попладневните часови. Дождот повремено ќе биде пороен, проследен со ретки грмежи. Максималните температури ќе достигнат 27 степени.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде