Vrabotuvanje.com - Почнува исплатата на пензиите
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Почнува исплатата на пензиите

Почнува исплатата на пензиите

Исплатата на пензиите за октомври во Македонија ќе се случи на 1. ноември 2023 година.

Некои од македонските банки пензијата за своите корисници ја прават предвреме или ден порано, пишува Biznispro.com.

До пред десетинагодини пензиите се исплаќаа и на 15-ти во месецот, а сега истите исплаќаат во редовен рок односно на први.

Од минатиот месец пензиите се зголемија за 5,3 отсто, а веќе следниот март ќе има ново зголемување.

Од сега два пати годишно системски ќе се зголемува пензијата на македонските пензионери, и тоа во март и септември, а еден од клучните фактори за растот ќе биде динамиката на растот на просечната плата.

Извор: centar.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде