Vrabotuvanje.com - Позитив на денот: Бебето родено со 940 грама си замина дома по 77 дена поминати на Гинекологија
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Позитив на денот: Бебето родено со 940 грама си замина дома по 77 дена поминати на Гинекологија

Уште една убава приказна за мал и вистински борец доаѓа од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Како што објавија тие денес, по 77 дена поминати на Одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ) на ЈЗУ У ГАК, вчера малиот Едон Спахију си замина дома во добра општа состојба и со уреден наод на виталните функции.

Позитив на денот: Бебето родено со 940 грама си замина дома по 77 дена поминати на Гинекологија

Роден е во 27 гестациска недела со тежина од само 940 грама, а го испративме со телесна тежина од 2110 грама.

- На Едон му посакуваме многу здравје, радосно детство и среќа. На неговите родители им благодариме за трпението и за соработката во периодот на заедничката борба во која најголема заслуга има малиот борец Едон, велат од ГАК.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде