Vrabotuvanje.com - ВЕ ИСТУШИРАА ЛИ БЕСПЛАТНО ДЕНЕС? За да добие казна возачот, мора да ве испрска пред полицаец или да барате докази!
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

ВЕ ИСТУШИРАА ЛИ БЕСПЛАТНО ДЕНЕС? За да добие казна возачот, мора да ве испрска пред полицаец или да барате докази!

Врнежливото време ги наполни градските улици и булевари со вода, а тоа значи шанса за несовесните возачи да ги испрскаат пешаците кои се движат на пешачките патеки.

ВЕ ИСТУШИРАА ЛИ БЕСПЛАТНО ДЕНЕС? За да добие казна возачот, мора да ве испрска пред полицаец или да барате докази!

Со оглед на тоа што во Скопје има голем број возачи кои не внимаваат на останатите учесници во сообраќајот, прскање на пешаци се очекува да има и денес.

Според Законот, доколку станете жртва на „бесплатно туширање“, немате многу опции. Или треба да имате среќа полицаец да посведочи на настанот, или за тоа ќе треба да барате и обезбедувате докази.

Според Законот за безбедност на патниот сообраќај на патиштата, односно, според членот 124, ставот два од овој Закон, возач што се движи со возило по коловоз на кој има вода е должен да го приспособи возењето така што нема да ги прска пешаците, возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли, лесни четирицикли и четирицикли.

Доколку не го почитува тоа, возачот може да добие казна во износ од 35 евра во денарска противвредност.

Пешакот може и да поднесе пријава и доколку се обезбедат докази, на сторителот ќе му биде издаден патен налог во согласност со наведената процедура. 

Извор: faktor.mk

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде