Vrabotuvanje.com - Робот смачка работник во фабрика, го заменил за кутија
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Робот смачка работник во фабрика, го заменил за кутија

Робот смачка работник во фабрика, го заменил за кутија

Според извештаите, несреќата се случила во вторникот вечерта бидејќи роботот не успеал да направи разлика помеѓу човек и кутија со производи, што требало да ги носи.

Машината која кревала кутии со пиперки на палета, наводно го грабнала мажот и го турнала на подвижната лента, нанесувајќи му повреди на лицето и градите, пишува Дејли мејл.

Роботот го идентификувал човекот како кутија, соопшти полицијата, а поради овој инцидент, градите и лицето на работникот биле згмечени.

 

Повредениот веднаш бил пренесен во болница, каде набрзо им подлегнал на повредите.

Полицијата размислувала да покрене истрага за овој немил настан како и за работата на управителот кој, според надлежните, бил невнимателен бидејќи „не ги извршувал раководните должности“.

Сопствениците на фабриката, комплексот Donggoseong Eksport, објавија дека по инцидентот посветиле дополнително внимание на „прецизниот и безбеден“ роботски систем.

извор: vecer.mk

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде