Vrabotuvanje.com - Ново бебе борец на ГАК: Мила си замина дома после 48 дена
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Ново бебе борец на ГАК: Мила си замина дома после 48 дена

Од Гинеколошко акушерската клиника информираат за уште една прекрасна приказна - за малата Мила која како предвремено родено бебе е голем борец. Родена со само 1260 грама Миа успеала да ја добие првата битка во животот и вчера во прегратките на своите родители, во стабилна состојба и со телесна тежина од 2320 грама си замина дома.

Ново бебе борец на ГАК: Мила си замина дома после 48 дена

-После 48 дена поминати на одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ), нашата Мила Атанасова, која заедно со докторите и со сестрите ги надмина сите препреки, како здраво бебе, на наша огромна радост, ја испративме од Клиниката за гинекологија. Мила е родена во 27 гестациска недела, со тежина од само 1260 грама. И посакуваме да биде иста како што е и значењето на нејзиното име и да се бори низ животот со истиот жар што го покажа уште од првиот миг од своето раѓање, во текот на овој еден и пол месец поминат на ОИНТ. На мама и тато да им носи само убави моменти и радости, велат од ГАК.

Извор: skopjeinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде