Vrabotuvanje.com - Просечна нето-плата во септември 37.876 денари
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Просечна нето-плата во септември 37.876 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во земјава, во септември година, изнесува 37.876 денари, и е за 16.4 отсто поголема од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Просечна нето-плата во септември 37.876 денари

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (25.8 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (24.8 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (20.5 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (11.8 %), Образование (10.9 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (9.1 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во септември 2023 година, изнесува 56.896 денари.

Проверете ја платата за вашата позиција на МОЈА ПЛАТА

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде