Vrabotuvanje.com - Германија најавува изградба на железнички тунел кон Чешка
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Германија најавува изградба на железнички тунел кон Чешка

Германија ги објави плановите за изградба на железнички тунел низ Рудна Гора за да ги подобри врските со Чешката Република и да ја ослободи долината Елба пренатрупана со сообраќај.

Германија најавува изградба на железнички тунел кон Чешка

Железничкиот тунел ќе биде изграден на потегот од германскиот град Хајденау до чешкиот град Усти на Лаба и би бил долг триесетина километри.

„Се разгледуваа и други опции, но беше заклучено дека тунелот е најдоброто решение, од економски, еколошки и технички причини“, објасни во понеделникот германската државна железничка компанија „Дојче бан“.

Проектот има приоритетен статус за европската инфраструктура бидејќи железничките линии во долината Елба се речиси максимално оптоварени, а им се закануваат и поплави.

Тунелот ќе го скрати патувањето од Прага до Дрезден од 2,5 часа на само еден час, исто така ќе ги подобри сообраќајните врски на Германија со Виена, Братислава и Будимпешта и ќе биде дел од поширокиот европски железнички коридор на потегот од германските пристаништа на Северното Море и Балтикот до Истанбул и Атина.

„Проектот ќе го зголеми и товарниот капацитет на клучната врска меѓу Германија и другите централноевропски земји“, изјави Мартин Валден, директор на „Дојче бан“ во германската покраина Саксонија, каде што ќе се гради тунелот.

Според сегашните планови на „Дојче бан“, работата на изградбата на тунелот треба да почне околу 2032 година и да трае околу 12 години.

Извор: tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде