Vrabotuvanje.com - ЌЕ ШТРАЈКУВААТ НА ЦРН ПЕТОК: Работниците на Амазон во Велика Британија бараат подобри услови за работа
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

ЌЕ ШТРАЈКУВААТ НА ЦРН ПЕТОК: Работниците на Амазон во Велика Британија бараат подобри услови за работа

Повеќе од 1.000 работници во магацинот за дистрибуција на Amazon во британскиот град Ковентри одлучија да штрајкуваат на „црниот петок“ за да го изразат својот протест поради платите и условите за работа. Се очекува на прекинот на работата да се приклучат и работници на Амазон од САД, Германија и Италија.

ЌЕ ШТРАЈКУВААТ НА ЦРН ПЕТОК: Работниците на Амазон во Велика Британија бараат подобри услови за работа

Синдикатите кои ги претставуваат работниците на Амазон објавија дека вработените во компанијата се „уморни од само врзување крај со крај“ и најавуваат дека штрајкот ќе предизвика најголемо нарушување на работењето на компанијата во последните 30 години, пишува Индепендент.

Amazon workers strike to expose the horror behind 'Black Friday' sales :  Peoples Dispatch

Британскиот синдикат GMB е разочаран што шефовите на Амазон одбија да разговараат за платите и условите за работа.

„Тоа е навистина едноставно прашање. Сакаме компанијата да седне и да почне да разговара со нас. Тоа е разумно барање, но газдите на Амазон одбија да разговараат“, рече портпаролот на синдикатот GMB.

Центарот на Амазон во Ковентри е еден од најпрометните во Обединетото Кралство, па штрајкот може да има значително влијание врз купувачите кои го користат црниот петок, последниот петок во ноември, за да ги направат своите поволни пазари.

Претставниците на Амазон тврдат дека штрајкот во Ковентри нема да влијае на продажбата на црниот петок, бидејќи центарот на Амазон не се справува директно со нарачките на клиентите.

Извор: faktor.mk 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде