Vrabotuvanje.com - ПРИСТИГНАА НОВИТЕ КУЌИ: Се градат за 24 часа а чинат само 4.000 долари
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

ПРИСТИГНАА НОВИТЕ КУЌИ: Се градат за 24 часа а чинат само 4.000 долари

Кој не би сакал куќа за помалку од 4.000 долари која ќе биде направена за период од 24 часа?

ПРИСТИГНАА НОВИТЕ КУЌИ: Се градат за 24 часа а чинат само 4.000 долари

Куќите кои можат да се направат со помош на 3D принтер се вистински хит во градежната индустрија.

На почетокот на оваа година, компанијата „Branch Technology“ го развила прототипот на изработка на 3D куќи, со големина од 93 метри квадратни, кои чинат 300.000 долари, а тоа е превисока цена за куќата да може да се смета за решение за глобалната криза за купување имот.

Сепак, во март оваа година, компанијата „New Story“ која дизајнирала 3D принтери, ја претставила својата „прва 3D печатена куќа во Америка“, со големина од 35 квадратни метри, која чини околу 10.000 долари, а за изградба, потребни биле 48 часа. 

Во тоа време, 3D принтерот „Vulcan“ работел со 25% брзина, поради што во компанијата верувале дека можат да направат куќа со големина од 37 до 74 метри квадратни, за 24 часа, која би чинела 4.000 долари или помалку. Пред користење на 3D принтерот, на „New Story“ им биле потребни осум месеци за изградба на 100 куќи, а секоја чинела околу 6.000 долари.

Фазата на тестирање е спроведена во Остин во Тексас , а компаниите планираат да почнат да градат куќи наредната година во Ел Салвадор

„Vulcan“ може да произведе куќа на местото на кое таа ќе стои, бидејќи машината е лесно подвижна. Прототипот на куќата содржи дневна соба, спална соба, купатило и мал простор за работа.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде