Vrabotuvanje.com - Маста достигна 200 денари, а чварките станаа деликатес и се продаваат по 1.000 денари за килограм
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Маста достигна 200 денари, а чварките станаа деликатес и се продаваат по 1.000 денари за килограм

Цената на свинската маст достигнува и до 200 денари, а на чварките и до 1.000 денари. Граѓаните коментираат дека ова е премногу со оглед на фактот дека пред неколку години чварките се купуваа по 300 – 400 денари за килограм. И од месарниците потврдуваат дека цените на свинската маст и на чварките се многу покачени, а причините се намалената понуда и зголемените цени на свинското месо.

Маста достигна 200 денари, а чварките станаа деликатес и се продаваат по 1.000 денари за килограм

Граѓаните коментираат дека ова е премногу со оглед на фактот дека пред неколку години чварките се купуваа по 300 – 400 денари за килограм. И од месарниците потврдуваат дека цените на свинската маст и на чварките се многу качени, а причините се намалената понуда и зголемените цени на свинското месо.

Што е многу многу е, коментираат граѓаните. Сè е поскапено, ама некои производи навистина станаа луксуз. Чварките порано беа храна за сиромашните, а сега стана деликатес и ретко кој може да си купи.

И од месарниците потврдуваат дека цените на свинската маст и на чварките се многу качени, а причините се намалената понуда и зголемените цени на месото.

И другите купувачи велат дека откако цената на чварките стигна 1.000 денари ги купуваат само колку да пробаат и за мезе. Велат дека заборавиле веќе на оние специјалитети како праз со чварки, чварки со јајца кои порано ги подготвувале. Исто и со свинската маст која порано домаќинките ја користеа за готвење, а сега ја купуваат само за колачи и за пити.

Целиот текст прочитајте го на: vecer.press

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде