Vrabotuvanje.com - Французите забрануваат пушење на плажи, паркови и други јавни места
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Французите забрануваат пушење на плажи, паркови и други јавни места

Франција ќе го забрани пушењето на плажи и на други јавни места, како што се парковите и шумите, како дел од националниот план против чад од тутун претставен од Министерството за здравство, пренесува АП.

Французите забрануваат пушење на плажи, паркови и други јавни места

„Плажи, паркови, училишта - на голем број места започна експеримент од сличен тип и сега се движиме кон усвојување на општо правило за да ја покажеме нашата решителност“, изјави министерот за здравство Орелиен Русо за телевизијата БФМ.

Русо рече дека тутунските производи доведуваат до 75.000 смртни случаи годишно, наведувајќи дека владата на почетокот на следната година ќе воведе законски решенија за зголемување на бројот на јавни места каде што поради пушењето може да се наплати казна.

Пратениците исто така имаат намера да ги забранат електронските цигари за еднократна употреба, а првичната расправа за забраната се очекува во Националното собрание следниот месец.

Извор: mkd.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде