Vrabotuvanje.com - Делови од овие скопски општини денес ќе бидат без струја
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Делови од овие скопски општини денес ќе бидат без струја

Делови од овие скопски општини денес ќе бидат без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН – Скопје, соопшти дека денеска, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Илинден и Петровец.

Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од дел од село Марино во општина Илинден ќе немаат струја, а од 12:00 до 14:00 часот, корисниците од улица 1 во село Катланово и село Тотинци во општина Петровец ќе останат без електрична енергија.

извор: skopje1.mk

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде