Vrabotuvanje.com - Ниту небото не е лимит за нив! Просечната плата во оваа македонска компанија изнесува 2.500 евра
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Ниту небото не е лимит за нив! Просечната плата во оваа македонска компанија изнесува 2.500 евра

Ниту небото не е лимит за нив! Просечната плата во оваа македонска компанија изнесува 2.500 евра

М-НАВ останува да биде државна компанија, природен монопол, со европски плати. За минатата година од вкупните приходи кои изнесувале 21,12 милиони евра на плати се потрошени 15,8 милиони евра. Тоа се такси за прелети на авиони во македонскиот воздушен простор со кој управуваат и диспечираат стручните лица од М-НАВ. Заради сложеноста на работата и стресот нивните плати се под европска директива. Тоа за македонски стандард значи недостижни 4.300 евра бруто плата месечно и додатоци односно просечни 2.500 евра нето месечно без додатоци

М-НАВ го контролира македонското небо, а европските директиви ги регулираат платите на нивните вработени. Нивните 305 вработени токму заради ова можат комотно да го носат епитетот гастарбајтери дома! Затоа што просечната месечна нето исплатена плата надминува 2.500 евра кога на неа ќе се додадат таканаречените други лични примања на вработените.

Тоа се податоци кои се јавно достапни и ги има во ревизорскиот финансиски извештај на М-НАВ достапен во регистарот на акционерски друштва на сегментот Слободен пазар на Македонската берза на следниот линк - пишува faktor.mk 

Не си задоволен од твојата плата? Провери го просекот за твојата професија ТУКА

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде