Vrabotuvanje.com - По Центар и Аеродром, во новогодишен амбиент ќе блесне уште една скопска општина
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

По Центар и Аеродром, во новогодишен амбиент ќе блесне уште една скопска општина

По Аеродром и Центар уште една скопска општина најави дека ќе има новогодишно украсување во пресрет на празниците.

По Центар и Аеродром, во новогодишен амбиент ќе блесне уште една скопска општина

Станува збор за Кисела Вода, од каде најавуваат, дека деновиве ќе излезат со официјални информации околу новогодишниот амбиент на општината кој се очекува веќе во првата половина на месец декември. 

По примерот на светските метрополи кои посветуваат внимание на новогодишното украсување, општините Центар и Аеродром ги започнаа подготовките за декорирање на локалните улици и паркови, а освен нив, тоа ќе го стори и локалната самоуправа на Кисела Вода. 

Останува скопјани да почекаат до следната работна недела и да видат како претпразнично ќе изгледаат овие три скопски општини. Во меѓувреме, од Град Скопје нема најави за декорирање на централниот плоштад, ниту најава за новогодишна прослава. 

Извор: skopjeinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде